• сабота, 23 ноември 2024

Германски суд го одби барањето за блокирање на извозот на оружје за Израел

Германски суд го одби барањето за блокирање на извозот на оружје за Израел

Берлин, 12 јуни 2024 (МИА) - Суд во Берлин отфрли итно барање на голем број палестински жители на Газа да се спречи германската влада да дава дозволи за извоз на германско оружје во Израел со образложение дека тоа би можело да се користи со кршење на хуманитарното право.

Палестинците беа поддржани од неколку организации, вклучувајќи го Европскиот центар за правна поддршка (ELSC), Палестинското право и Палестинскиот институт за јавна дипломатија. Тие тврдат дека постојат причини да се верува дека такви прекршувања се случуваат во војната на Израел против Хамас.

Управниот суд во Берлин наведе дека германската влада може да одбие дозволи за извоз на оружје, да приложи дополнителни услови или да обезбеди обврска на земјата-примател да ја ограничи употребата на оружје.

Адвокатските групи рекоа дека пресудата е неразбирлива, додавајќи дека владата ги чувала во тајност нерешени барањата за извоз на оружје, што го оневозможувало однапред да се знае за нив. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан