• недела, 22 декември 2024

Германски активисти спасија 48 мигранти во Средоземно Море

Германски активисти спасија 48 мигранти во Средоземно Море
Рим, 4 октомври 2022 (МИА) – Германскиот цивилен брод „Луиз Мишел“ спаси денеска спаси 48 луѓе во централниот дел на Средоземно Море. Тие со дрвен чамец се обидувале да стигнат до брегот на Европа. Хуманитарните организации постојано се распоредуваат во Медитеранот за да ги спасат мигрантите кои се обидуваат по морски пат од Северна Африка да стигнат до Европа. Најголемиот број мигранти пристигнуваат во Италија. Според италијанското Министерство за внатрешни работи годинава по морски пат пристигнале речиси 72.300 мигранти, додека во истиот период минатата година нивниот број изнесуваше околу 47.700 луѓе.

Остани поврзан