• понеделник, 23 декември 2024

Германските пловечки терминали за ЛНГ ја кршат финансиската структура на владата

Германските пловечки терминали за ЛНГ ја кршат финансиската структура на владата
Берлин, 21 ноември 2022 (МИА) - Новите пловечки терминали за течен природен гас (ЛНГ) во Германија ќе ја чинат владата повеќе од двојно оваа година отколку што планираше, потврди денеска Министерството за економија. Во овогодинешниот буџет се предвидени 2,94 милијарди евра за изградба на терминал за течен гас, вклучувајќи ги оперативните трошоци и дополнителните инфраструктурни мерки на копно.
Во меѓувреме таа сума порасна на околу 6,56 милијарди евра, соопшти Министерството за економија. Дополнителни 738 милиони евра беа издвоени за инвестиција на државната развојна банка КфВ во стационарниот терминал во Брунсбутел на брегот на Северното Море.
„Зголемувањето во втората фаза беше неопходно поради динамичниот развој на ситуацијата“, се вели во соопштението на Министерството. „Во меѓувреме, во опсежни консултации со бројни засегнати страни, беа утврдени натамошните трошоци и беа прецизирани оние кои беа прогнозирани на почетокот“, се додава во соопштението.
Дополнителните пари „директно беа искористени за финансирање на проекти клучни за енергетската безбедност на Германија во претстојните зими“, велат тие. Течниот гас треба да го замени рускиот гас кој преку гасоводи и беше доставен во Германија. Испораките на Северен поток 1 беа прекинати по оштетувањето во експлозијата, чиј виновник се уште не е утврден. Оштетен е и Северен поток 2, кој беше завршен, но не доби дозвола за работа поради војната во Украина. Германија сега гради неколку нови терминали, а политичарите и планерите го форсираат темпото за да се обезбеди увоз на гас преку Северното и Балтичкото море што е можно поскоро. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан