• понеделник, 23 декември 2024

Германскиот суд одлучи дека плакатите против Зелените се опасни

Германскиот суд одлучи дека плакатите против Зелените се опасни

Берлин, 22 септември 2021 (МИА) - Управниот суд на сојузната држава Саксонија нареди малата десничарска партија „Трет пат“ да ги отстрани предизборните плакати со слоганот „Зелените на бесилка“. Германскиот суд нареди партијата да ги отстрани плакатите, сметајќи дека се опасни за јавната безбедност, а со тоа поништувајќи ја одлуката на понизок суд во градот Кемниц. Претходно овој месец, властите во источниот град Цвикау соопштија дека малата десничарска партија „Трет пат“ мора да ги отстрани плакатите. Партијата достави жалба до Управниот суд во Кемниц кој донесе одлука дека плакатите може да останат, но да бидат поставувани барем на 100 метри одалеченост од плакатите на партијата на Зелените. „Зелените“ се една од трите партии кои се борат за шанса да го номинираат следниот германски канцелар на парламентарните избори в недела.
Армин Лашет, кандидатот на Ангела Меркал за канцелар на блокот на десниот центар, исто така, ја поздрави одлуката против плакатот „Зелените на бесилка“. паг/    

Остани поврзан