• сабота, 23 ноември 2024

Германскиот „Рајнметал“ доби 130 милиони евра од ЕУ за зголемување на производството на муниција

Германскиот „Рајнметал“ доби 130 милиони евра од ЕУ за зголемување на производството на муниција

Киев, 27 март 2024 (МИА) - ЕУ му додели повеќе од 130 милиони евра на германскиот производител на оружје „Рајнметал“ за да го зголеми производството на муниција, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на прес-службата на германската компанија.

Средствата ќе бидат искористени за проширување на производството на муниција од 155 милиметри и барут. „Програмата ќе поддржува проекти во Германија, Унгарија, Романија и Шпанија“, се вели во соопштението.

„Рајнметал“ потсетува дека оваа година ЕУ ќе одвои вкупно околу 500 милиони евра за зголемување на производството на муниција.

„Огромното значење на артилеријата е очигледно од борбата на Украина за одбрана на својата земја. Европските вооружени сили, исто така, треба да ги надополнат залихите на артилериски гранати. Ние сме подготвени за тоа и веќе работиме на тоа“, рече извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер.

„Рајнметал“ го зголемува својот производствен капацитет од 2022 година и до 2027 година компанијата има намера да произведува до 1,1 милион артилериски гранати годишно, додаде неговата прес-служба. 

Укринформ потсетува дека „Рајнметал“ гледа огромен потенцијал во Украина и има намера да инвестира во најмалку четири фабрики во земјата. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан