• петок, 05 декември 2025

Германскиот канцелар Мерц во посета на Брисел 

Германскиот канцелар Мерц во посета на Брисел 

Брисел, 9 мај 2025 (МИА) – Само три дена по неговиот избор за германски канцелар, Фридрих Мерц денеска ќе престојува во посета на Брисел на средби со првите луѓе на ЕУ и на НАТО. 

Престојот во Брисел, Мерц ќе го започне со средба со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Кошта, а потоа и со претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, по што ќе го посети Европскиот парламент, каде ќе се сретне со неговата претседателка Роберта Мецола. 

По разговорите со претставниците на ЕУ, Мерц попладне ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во седиштето на Алијансата во Брисел.    

Мерц ќе допатува на Брисел на Денот на Европа, откако претходно по неговиот избор за канцелар ги посети втората по големина земја во Унијата по Германија, Франција, како и државата актуелен претседавач со Советот на ЕУ, Полска. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан