• понеделник, 23 декември 2024

Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот во посета на Скопје

Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот во посета на Скопје
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе допатува во дводневна посета на Северна Македонија. На првиот ден на престојот во Скопје, Рот ќе има средба со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата на Рот доаѓа во пресрет на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што тој ја претставува Германија, па во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка за земјава со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. - Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Северна Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот кој што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот, се наведува во соопштението на СЕП. сп/

Остани поврзан