• среда, 20 ноември 2024

Германската министерка за внатрешни работи во посета на Грузија за зајакнување на соработката во областа на миграцијата

Германската министерка за внатрешни работи во посета на Грузија за зајакнување на соработката во областа на миграцијата

Берлин, 19 декември 2023 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер е во посета на Грузија за зајакнување на билатералната соработка во областа на миграцијата, јави ДПА.

Фесер и специјалниот пратеник на Германија за миграциските договори, Јоаким Стамп, пристигнаа вчера во Тбилиси за да поттикнат уште поголема соработка со грузиската влада во однос на прашањето за депортации.

Грузија е на шестото место на листата земји на потекло на лица кои бараат азил во Германија.

Во замена за нивните барања, германската влада нуди зголемена соработка во областа на образованието и намалени услови за сезонските работници. 

Од почетокот на јануари до крајот на ноември 2023 година, нешто помалку од 9.000 луѓе од Грузија го поднеле своето прво барање за азил во Германија. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан