• понеделник, 23 декември 2024

Германската амбасада во Тирана ја затвори канцеларијата за визи и пасоши поради пандемијата

Германската амбасада во Тирана ја затвори канцеларијата за визи и пасоши поради пандемијата
Тирана, 20 јули 2020(МИА) – Германската амбасада во Тирана соопшти дека од денеска канцеларијата за визи и пасоши е затворена од превентивни причини, поради влошената ситуацијата со Ковид-19 во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана. Преку објава на Фејсбук, Амбасадата исто така информира дека лицата погодени од затворањето на канцеларијата што е можно поскоро ќе добијат нов датум за апликацијата. „Од денеска, понеделник, 20 јули 2020 година, како резултат на моменталната состојба со Ковид-19, канцеларијата за визи и пасоши на германската Амбасада во Тирана е затворена од превентивни причини. Лицата погодени од затворањето на канцеларијата ќе добијат нов датум / час за пријавување што е можно поскоро. Ние ќе ве информираме преку веб-страницата или Фејсбук веднаш штом канцеларијата ќе продолжи со својата активност“, се наведува во соопштенето на Амбасадата. Се додава дека во ургентни случаи може да се јават на телефонскиот број 068 202 9109 и се напоменува дека на овој број не може да се добиваат информации околу датум за апликација или процедурата за визи. Во Албанија во последнот месец бројот на новозаразени со вирусот е во постојан раст. Дневно се регистрираат високи двоцифрени, а во неколку наврати и троцифрени бројки, како последица на непочитување на заштитните мерки. Во последнте два дена регистрирани се околу 200 нови случаи. Пред појавата на пандемијата пред германската Амбасада редовно можеа да се видат редица млади кои чекаат да аплицираат за работна виза. вт/

Остани поврзан