• понеделник, 23 декември 2024

Германија ќе обезбеди 4,8 милијарди евра за работниците кои ќе останат без работа поради прекин на употребата на јаглен

Германија ќе обезбеди 4,8 милијарди евра за работниците кои ќе останат без работа поради прекин на употребата на јаглен
Берлин, 22 јануари 2020 (МИА) - Германската Влада ќе издвои 4,81 милијарди евра за поддршка на работниците кои се блиску до пензија, а ќе ги загубат работните места поради планот на земјата да прекине да користи јаглен до 2038 година. - Цената на грантот се проценува на максимум 4,81 милијарди евра во периодот од 2020 до 2043 година, се наведува во предлог-законот на германското Министерство за економија. Во документот се додава дека две третини од сумата ќе бидат покриени од федералната влада, додека преостанатиот дел ќе биде покриен од државите погодени од исфрлањето на лигнитот. Рударите кои се на возраст од 58 години и постари, кои ќе ги загубат своите работни места како дел од промена на политиката, можат да добијат пристап до средствата за да го надминат периодот до пет години до пензионирањето. Може да имаат и субвенционирана пензија доколку загубата на работата резултира во пониски плаќања. На почетокот на јануари германската Влада одобри договор вреден милијарди евра за компензација на трошоците за енергетските компании и региони кои ќе изгубат многу во процесот на прекинување на употребата на јаглен. Министерот за финансии Олаф Шолц изјави дека вкупно 4,35 милијарди евра обештетување за постепено напуштање на јагленот ќе им бидат доделени на операторите на електраните со јаглен. Со компензација за предвремено затворање на фабриките за енергетски компании, регионите погодени од овие индустриски промени треба да добијат 40 милијарди евра државно финансирање за да ги оддалечат своите локални економии од зависноста на јаглен. паг/  

Остани поврзан