• недела, 22 декември 2024

Германија ќе го префрли својот систем Патриот од Словачка во Литванија за да го штити самитот на НАТО

Германија ќе го префрли својот систем Патриот од Словачка во Литванија за да го штити самитот на НАТО

Берлин, 26 мај 2023 (МИА) - Германија ќе и го префрли на Литванија својот противракетен одбранбен систем Патриот, кој сега го има распоредено во Словачка, за да го штити самитот на НАТО за помалку од два месеца, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

Форумот ќе се одржи на 11 и 12 јули во главниот град на Литванија, Вилнус.

На состанокот се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата во позадина на руската војна против Украина. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан