• петок, 22 ноември 2024

Германија тврди дека Кина е одговорна за кибер нападот врз владина канцеларија во 2021 година

Германија тврди дека Кина е одговорна за кибер нападот врз владина канцеларија во 2021 година

Берлин, 31 јули 2024 (МИА) - Кинескиот амбасадор во Берлин е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи бидејќи Германија утврдила дека „кинески државни актери“ се одговорни за нападот врз германската Федерална канцеларија за картографија и геодезија во 2021 година, соопштија денеска германските власти.

Тоа е првпат по неколку децении кинескиот амбасадор да биде повикан на разговор во германското МНР.

Портпаролот на Министерството, Себастијан Фишер изјави дека германската Влада има „сигурни информации од безбедносните служби“ за тоа кој ја нападнал федералната агенција за картографија и геодезија.

Тој рече дека „најостро го осудува“ кибер нападот и го повика Пекинг да покаже воздржаност и да спречи такви активности, но одби да прецизира точно кој во Кина е одговорен.

Фишер додаде дека последен пат кинескиот амбасадор бил повикан во германското МНРво 1989 година, по растурањето на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан