• понеделник, 23 декември 2024

Германија ги предупреди граѓаните со руско потекло да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ

Германија ги предупреди граѓаните со руско потекло да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ

Берлин, 4 април 2022 (МИА) - Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина.

„Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите“, изјави владиниот портпарол Волфганг Бихнер.

Тој ги повика граѓаните со руско потекло сеопфатно да се информираат преку различни национални и меѓународни медиуми. Апелот дојде откако вчера во Берлин се одржа протест со автомобили, на кој околу 900 луѓе демонстрираа против медиумската кампања против Русија и нејзините граѓани. паг/

Остани поврзан