• петок, 20 декември 2024

Германија ги блокираше кинеските инвестиции во два производители на чипови

Германија ги блокираше кинеските инвестиции во два производители на чипови
Берлин, 9 ноември 2022 (МИА) - Германската влада ги блокираше кинеските инвестиции во два домашни производители на чипови, поради загриженоста за националната безбедност и проблематичниот трансфер на чувствителна технологија во Кина. Владата стави вето на понудата на шведската компанија Силекс (Silex), подружница на кинеската Саи Микроелектроникс (Sai Microelectronics), за фабрика за чипови во сопственост на Елмос (Elmos) од Дортмунд. „Мораме внимателно да ги следиме преземањата на компаниите кога станува збор за важна инфраструктура, односно кога постои опасност од пренос на технологија на купувачи од земји надвор од ЕУ“, наведува во соопштение министерот за економија Роберт Хабек. „Важно е, особено во полупроводничкиот сектор, да го заштитиме технолошкиот и економскиот суверенитет на Германија и Европа. Германија, се разбира, и натаму е отворена локација за инвестирање и така ќе остане и во иднина, но не сме наивни“, додаде Хабек. паг/    

Остани поврзан