• вторник, 24 декември 2024

Од Општина Центар започнува промоцијата на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата

Од Општина Центар започнува промоцијата на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) -  Во објектот „Пепелашка“ клон на градинката Р.Ј. Корчагин беше промовиран Протоколот за постапување за  деца со дијабетес изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“, каде што, покрај градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Наташа Д. Димитревска, претседателка на „Баланс МК“ 

Како што соопштија од Општина Центар, прирачникот е наменет за воспитниот и наставниот кадар и, има за цел да ги запознае вработените со основните постулати на дијабетесот, терапевтските можности и контролата на гликемијата.

-Исклучително е важно воспитниот и наставниот кадар во училиштата и градинките да го имаат и да го следат овој прирачник за децата и учениците кои имаат дијабет тип 1. Трендот на деца дијабетичари расте па оттука и потребата за едукација и негова контрола. Во Општина Центар се запишани вкупно 10 дечиња кои имаат дијабет тип 1 и за сите нив е потребно знаење доколку настане состојба на хипер гликемија. Се надевам дека следејќи го овој прирачник, наставниот кадар во училиштата и градинките ќе биде спремен соодветно да одговори. Исто така и радува фактот што во прирачникот има и низа илустрации и за другарчињата кои исто така можат да учествуваат во грижата на нивните соученици, деца со дијабетес тип 1. Сите ние мора да се запознаеме со сите предизвици кои ги носи денешницата, образованието е законско право за сите деца, а ние носиме одговорности да обезбедиме соодветна грижа и услови“, изјави Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да одговора на сите предизвици кои ги бараат децата за да можат да се вклучат во воспитниот и образованиот процес, што е  законско право на секое дете, а обврската на локалната самоуправа е да обезбеди соодветни услови за престој и безбедно згрижување. љм/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан