• петок, 22 ноември 2024

Герасимовски: Не ни е целта го уништиме ноќниот живот туку да воспоставиме ред за жителите во Капиштец

Герасимовски: Не ни е целта го уништиме ноќниот живот туку да воспоставиме ред за жителите во Капиштец

Скопје, 18 јули 2024 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување на МРТВ за проблемот со гласната музика во Капиштец и постојаните поплаки од граѓаните кажа дека општината нема за цел да го затвори ноќниот живот туку да воспостави ред и мирен сон за жителите во Капиштец.

„Имаме засилени контроли и од општината во делот на мерење на гласна музика инспекциски служби по кафеаните и рестораните има и доста зголемено присуство на припадниците на МВР коишто се не само во Дебар Маало и на Боемска туку и по детските игралишта каде што се создаваа овие проблеми со коишто се соочуваат. Верувам дека и со МВР ќе продолжат самите акции и нашите инспекциски служби ќе бидат почесто на терен. Казните се енормно високи и верувам дека и кафеанџиите и сопствениците на локалите дека ќе се свестат со своето однесување. Не ни е целта да го уништиме ноќниот живот, целта ни е да воспоставиме ред и што подобри услови за живеење на нашите жители. Верувам дека ќе успееме во тоа“ рече Герасимовски.

Тој во емисијата „Во живо“ зборуваше и за деликвентните однесувања на младите на детските игралишта но и за одржувањето на јавната хигиена и тековните проекти во општината. 

Општина Центар

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан