• недела, 29 декември 2024

Герасимовски: Градинката „13 Ноември“ во Градски ѕид добива европски лик

Герасимовски: Градинката „13 Ноември“ во Градски ѕид добива европски лик
Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Иднината на Центар не е барок и стиропор, галии и шмизли туку вложување во поквалитетно образование и подобрување на условите за престој на најмладите, им порача Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на граѓаните од градски ѕид. -Имаме многу планови и ќе реализираме многу проекти за подобар образовен процес. Она со што можеме да се пофалиме е доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“. Родителите бараа, а досегашното раководство во Центар предводено од СДСМ создаде услови децата во ова училиште да не одат во две смени, рече пред граѓаните Герасимовски. Тој на маалската средба најави и реконструкција на градинката „13 Ноември“ Клон Беко чија постапка е во тек и која како што рече добива европски лик. Герасимовски зборуваше и за обновеното детско игралиште кое децата веќе го користат но и исчистените гаражи за кои во следниот период најави целосно санирање. Тој пред граѓаните се наврати и на реконструкцијата на кровови и порача дека граѓаните на Центар ја знаат разликата и затоа на 17-ти октомври ќе ја одберат иднината за Центар. дма/мч/

Остани поврзан