• петок, 05 декември 2025

Герасимовски го доби уверението за втор градоначалнички мандат: Продолжуваме да работиме за сите центарци

Герасимовски го доби уверението за втор градоначалнички мандат: Продолжуваме да работиме за сите центарци

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината, информираат од Општината. 

-Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра за живеење. Ќе продолжиме со политики кои носат реални промени, со транспарентно и одговорно работење во интерес на сите жители на Центар. На советниците им посакувам многу успех и заеднички да продолжиме кон поубав развој на општината, вели Герасимовски. сст/дма/

Фото Општина Центар 



 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан