• недела, 22 декември 2024

Георгиевски не успеа да избори пласман на Олимпијадата во Париз

Георгиевски не успеа да избори пласман на Олимпијадата во Париз

Софија, 9 март 2024 (МИА) – Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Олимписки игри во Париз 2024.

Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија.

Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес.

Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на Олимпијадата во токио пред три години. 

На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан