Георгеску најави повлекување од политиката
- Романскиот десничарски политичар и поранешен претседателски кандидат, Калин Георгеску најави дека се повлекува од политиката, наведувајќи дека тоа „не е оставка, туку одговорен избор“.
Букурешт, 27 мај 2025 (МИА) – Романскиот десничарски политичар и поранешен претседателски кандидат, Калин Георгеску најави дека се повлекува од политиката, наведувајќи дека тоа „не е оставка, туку одговорен избор“.
Георгеску нагласи дека не планира да се приклучи на ниту една политичка партија или движење, освен во случај на прекршување на правата на оние што мислат поинаку, пренесува „Политико“.
- Меѓутоа, ако видам дека се кршат правата на оние што избрале поинаку, повторно ќе се вклучам со јасен глас во одбрана на принципите на демократијата и слободата, рече тој.
Георгеску минатата година победи во првиот круг од претседателските избори, но Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите. Одлуката на Уставниот суд дојде откако беа откриени доверливи разузнавачки документи кои сугерираа дека Георгеску профитирал од наводно масовно странско влијание врз изборите. јт/
Фото: МИА архива