• вторник, 26 ноември 2024

Геодетска комора: Предлог-законот за геодетска дејност е спротивен на eвропските пракси и е погубен за секторот

Геодетска комора: Предлог-законот за геодетска дејност е спротивен на eвропските пракси и е погубен за секторот

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Комората на геодети Никола Рибароски одржа работен состанок со претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Кристинка Радевски, професорите од Градежниот факултет-Скопје Лазо Димов, Ванчо Ѓорѓиев и Златко Србиноски и членовите на работната група на Комората за новите закони, на кој се дискутираа предлог- законите за геодетска дејност и за катастар на недвижности кои ги изготви Агенцијата на катастар на недвижности.

Како што информира Сојузот на стопански комори на Македонија, покана за учество беше испратена и до Агенцијата за катастар на недвижности, но претставници на оваа институција не зедоа учество на состанокот.

- По однос на новопредолжениот закон за геодетска дејност, ставот на Комората на трговски друштва за геодетски работи е јасен и дециден. Комората го поддржува и го поздравува донесувањето на новиот Закон за геодетска дејност, но не во овој формат и на начин како што беше изготвен, крајно нетранспарентно, во отсуство на претставници на приватната геодетска фела како директни носители на оперативните теренските геодетски работи, и во крајна линија без решенија за подобрување на условите за работа на приватните геодетски фирми, туку напротив за уште поголемо продлабочување на и онака наталожените проблеми. Законските решенија се спротивни и на еворпските практики кои постојат во секторот, истакна Рибароски. Потенцираше дека избегнувањето на  состаноци и средби што го прави Агенцијата за катастар на недвижност не е конструктивен пристап и е на општа штета на целиот геодетски сектор.

Тој потсети и дека Комората со цел создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот сектор преку вклучување на сите чинители на геодетскиот сектор, на последното Собрание на Комората, одржано во февруари годинава усвоена е и Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор. Декларацијата официјално беше доставена до највисоките државни структури, органи, сродни комори и институции заради обезбедување на консензус за надминување на проблемите со кои се соочува членството на Комората, но и целата геодетска дејност.

- На состанокот беше закучено и дека комуникација и соработка помеѓу две сродни институции, како што се Комората на трговски друштва и Агенцијата за катастар на недвижности мора да има, бидејќи само со дијалог ќе се постигне решение за сите проблеми, а ќе може и да се донесат и многу поквалитетни законски решенија, се наведува во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија. мд/лв/

Фото: Сојуз на стопански комори на Македонија

 

Остани поврзан