• петок, 22 ноември 2024

Генчовска: Францускиот предлог е најдоброто решение што Бугарија го добила досега

Генчовска: Францускиот предлог е најдоброто решение што Бугарија го добила досега
Софија, 23 јуни 2022 (МИА) - Францускиот предлог на Европската Унија е најдоброто решение што Бугарија го добила досега, споредбено со португалскиот и германскиот предлог, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија во оставка Теодора Генчовска на денешната седница на Комисијата за надворешна политика. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Комисијата ги разгледува трите предлог-одлуки за почеток на преговорите на Република Северна Македонија за ЕУ. -Францускиот предлог за решавање на споровите со Северна Македонија може да важи до крајот на француското претседателство, истакна Генчовска и додаде дека не може да се обврзе што ќе понуди следното претседателство, што и припаѓа на Чешка. Поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов ја критикуваше бугарската владејачка коалиција и рече дека Владата во оставка се однесува несоодветно и оти мора да се донесе одлука. Генчовска истакна дека нацрт-протоколот е дел од целиот пакет документи. Според неа, тој треба да биде потпишан пред преговарачката рамка, бидејќи важен услов за усвојување на преговарачката рамка е потпишување на билатералниот протокол. нк/ки/  

Остани поврзан