Генерал Џозеф Аун е нов претседател на Либан
- Генералот Аун (60) ја има поддршката од САД, а неговото назначување укажува дека влијанието на Хезболах во Либан е намалено по војната со Израел.
Бејрут, 9 јануари 2025 (МИА) - Либанскиот парламент денеска во вториот круг го избра воениот командант Џозеф Аун за нов претседател на земјата, јавија британските медиуми.
Генералот Аун (60) ја има поддршката од САД, а неговото назначување укажува дека влијанието на Хезболах во Либан е намалено по војната со Израел.
Аун, наводно, ја има поддршка и од Саудиска Арабија, со чија помош, заедно со таа од САД, Либан ќе треба да се погрижи Израел да ги повлече своите сили од јужниот дел на земјата, како што е предвидено во мировниот договор, и да ја финансира повоената реконструкција.
Британските медиуми пренесуваат дека Хезболах претходно соопшти дека нема да стави вето на реизборот на Аун, но дека оваа милитантната група нема намера да го поддржи.
Привремената влада која веќе две години управува со Либан има ограничени овластувања, бидејќи не беше назначена од актуелниот претседател.
Либан веќе шест години е во длабока економска и финансиска криза, која ја уништи вредноста на либанската валута и ги девалвира заштедите на многу Либанци, посочуваат западните медиуми.
Земјата има струја само по неколку часа дневно, додека енергетската компанија е во големи долгови.сд/
фото:ЕПА