• понеделник, 23 декември 2024

Генералното собрание на ОН ќе заседава за украинската ситуација

Генералното собрание на ОН ќе заседава за украинската ситуација
Њујорк, 23 февруари 2022 (МИА) - Генералното собрание на Обединетите нации ќе заседава денеска за украинската ситуација, откако Русија ја призна независноста на двете самопрогласени републики во источна Украина. Станува збор за пленарна седница, што значи дека сите членови може да бидат присутни, јави Би-Би-Си. Кризата околу Украина ескалираше изминатите денови, по потпишувањето на рускиот претседател, Владимир Путин, декрети за признавање на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“. Медиумите потсетуваат дека рускиот Парламент му дозволи на Путин да употреби воена сила надвор од Русија, поради што Западот стравува дека Москва планира целосна инвазија. бд/гт/

Остани поврзан