• недела, 22 декември 2024

Генералното собрание на ОН го осуди американското економско ембарго кон Куба

Генералното собрание на ОН го осуди американското економско ембарго кон Куба

Њујорк, 3 ноември 2023 (МИА) - Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство го осуди економското ембарго на САД против Куба.

Ембаргото го осудија 187 членки на ОН, додека САД и Израел беа против, пренесуваат американските медиуми,

Украина беше воздржана, додека Сомалија, Венецуела и Молдавија не гласаа.

Пред гласањето, шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез, повика на поддршка за разумот, правдата, Повелбата на ОН и меѓународното право.

Родригез оцени дека целта на Вашингтон е да ја ослаби кубанската економија, да го направи народот гладен и очаен и да ја собори владата во Хавана.

Ембаргото беше воведено во 1960 година, по кубанската револуција предводена од Фидел Кастро и национализацијата на имотот што им припаѓа на американските граѓани и корпорации. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан