• среда, 25 декември 2024

Генералниот секретар на НАТО: Загрижени сме поради сецесионизмот во БиХ и акциите на Русија на Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО: Загрижени сме поради сецесионизмот во БиХ и акциите на Русија на Западен Балкан

Брисел, 16 октомври 2024 (МИА) - НАТО е загрижен за ситуацијата во Босна и Херцеговина и заканите за сецесија во таа земја, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО, на прес-конференцијата пред состанокот на министрите за одбрана на алијансата, што почнува утре во седиштето на алијансата.

Руте рече дека НАТО е загрижен за активностите на Русија во регионот, како и за хибридните и кибер закани што ги претставува.

Тој тврди дека Русија сака да ја поткопа демократијата во регионот, а особено ја пофали улогата на КФОР на Косово, кој, како што рече, успеал да го одржи мирот и стабилноста за сите заедници кои живеат таму веќе две децении. Тој тврди дека Русија сака да ги искористи ранливостите што постојат во регионот преку дезинформации и други хибридни закани, како и дека сака да го оневозможи дијалогот меѓу Белград и Приштина да дојде до некаков вид дискусија.

„Не треба да бидеме наивни, сите можеме да видиме како Русија сака да ги поткопа темелите на демократијата. Факт е дека кибер заканите и другите хибридни закани се видливи тие ги користат овие алатки за да ги зајакнат поделбите“, тврди тој.

Тој истакна дека НАТО мора да остане „смирен и фокусиран“ и ги пофали резултатите од неодамна завршениот самит на Берлинскиот процес во Берлин, со кој претседаваше германскиот канцелар Олаф Шолц.

Кога станува збор за темите за кои министрите за одбрана ќе разговараат на средбата, тој нагласи дека се работи за зајакнување на воената индустрија, поголема распределба за одбраната, поддршка за Украина, која рече дека ќе стане членка на НАТО, како и зајакнување на сојуз меѓу НАТО и земјите од регионот на Пацификот, односно со Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја. зш/

Остани поврзан