• понеделник, 23 декември 2024

„Генералка викенд“ в сабота во Охрид

„Генералка викенд“ в сабота во Охрид
Охрид, 3 мај 2022 (МИА) – Општина Охрид в сабота, на 7 мај ќе се приклучи во акцијата „Генералка викенд“, која ќе се реализира во повеќе општини во државата. Општинската прес-служба соопшти дека ќе се чисти потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Еколошката акција ја организира „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е подигање на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 килограи собран отпад да се засади по едно дрво. Во акцијата ќе земат учество здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и сите општински училишта. Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата. сс/дма/

Остани поврзан