Гевгеличанец приведен под сомнеж за криумчарење мигранти
- Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ денеска околу 13 часот во близина на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода 24-годишниот гевгеличанец Г.Б., кој на мотор превезувал нелегален мигрант од Пакистан.
Скопје, 30 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ денеска околу 13 часот во близина на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода 24-годишниот гевгеличанец Г.Б., кој на мотор превезувал нелегален мигрант од Пакистан.
Како што соопшти МВР, Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“. сп/
Фото: МИА Архива