• вторник, 26 ноември 2024

Гевгелиските гимназијалци со идеи за подобрување на нивниот живот

Гевгелиските гимназијалци со идеи за подобрување на нивниот живот
Гевгелија, 30 септември 2021(МИА) - Во амфитеатарот на гимназијата во Гевгелија, во рамки на втората фаза од проектот за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата, учениците одржаа дебата со раководството на училиштето на која предложија идеи за подобрување на нивниот живот. На отворената училница се дебатираше во повеќе области и беа предложени интересни идеи како отворање на младински центар со кино сала, уредување на простории за дружење и игри, поставување на таблоата со генерациите матуранти низ ходниците, доуредување на училишниот двор со поставување урбана опрема и фонтани со вода за пиење, отворање на училишна кантина како и обезбедување интернет и компјутерска опрема за ученициите кои се задржуваат повеќе поради чекање превоз до местата на живеење. Покрај ова, договорено е реализирање на еко акции за уредување на Вардарски рид и останатите излетнички места во рамки на проектот, кој е финансиски подржан од федералната канцеларија за надворешни работи на Германија со чија помош беше изграден и амфитеатарот во кој се одржа дебатата. им/ар/

Остани поврзан