Гебрејесус апелира за меѓународен договор за подготвеност и одговор на пандемијата
- Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхеном Гебрејесус денеска упати апел за брзо отпочнување на глобални преговори за постигнување на меѓународен договор за
Женева, 31 мај 2021 (МИА) - Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхеном Гебрејесус денеска упати апел за брзо отпочнување на глобални преговори за постигнување на меѓународен договор за подготвеност и одговор на пандемијата со Ковид-19.
Тој на завршната седница на годишното министерско собрание, што траеше една недела, истакна дека на СЗО и е потребно одржливо и флексибилно финансирање.
- Препораката за која верувам дека најмногу ќе придонесе за зајакнување на СЗО и на глобалната здравствена безбедност е препорака за договор за подготвеност и одговор на пандемијата, со што би се зацврстиле и односите помеѓу земјите-членки и ќе поттикне на соработка, посочи Гебрејесус. ми/