• сабота, 21 декември 2024

Гвардиола: Навикнати сме да играме 11 месеци на секои три до четири дена

Гвардиола: Навикнати сме да играме 11 месеци на секои три до четири дена

Манчестер, 26 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по денешната победа над Саутемптон (1:0) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата, повторно искажа критики за густиот натпреварувачки календар.

- Денес не се работеше за тоа колку длабоко се бранат, туку колку добро играат со топката, со голманот и со нивното движење. Ова е добра игра за учење како тренер. Саутемптон одигра навистина добро. Не создадоа многу шанси, но ни требаше неверојатен напор за да им ја одземеме топката. Создадовме шанси кои не можевме да ги реализираме, но резултатот беше добар. Сега имаме само два до три дена да се освежиме. Играме 11 месеци на секои три до четири дена. Проблемот е што не можеме да одмориме некои играчи, но се надевам дека порано или подоцна ќе им дадеме одмор и некои ќе се вратат, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.

Манчестер сити е на првото место во табелата во Премиер лигата со 23 бода. 

Избраниците на Гвардиола на 30 октомври ќе играат против Тотенхем во осминафиналето од англискиот Лига куп. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан