• сабота, 04 април 2026

Гвардиола ги нарече бесмислени мартовските меѓународни пријателски натпревари

Гвардиола ги нарече бесмислени мартовските меѓународни пријателски натпревари

Манчестер, 4 април 2026 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, изрази негодување што клучниот дел од клупската сезона е прекинат од меѓународни пријателски натпревари, што претставува висок ризик од повреди на играчите.

-Сè уште ми е тешко да разберам како можете да ги носите играчите на пријателски натпревари на друг континент кога се борите за трофеј на секои три дена во текот на осум или девет месеци. Квалификациите се сосема друга работа, но пријателските натпревари? Ризикот од повреди е превисок, едноставно е бесмислен, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

За време на меѓународната пауза во март, беа одредени финалните тимови за Светското првенство во 2026 година, но повеќето репрезентации играа само пријателски натпревари. 

Помеѓу таквите е и македонската репрезентација која, откако го загуби полуфиналето во баражот со Данска, отпатува на пријателски натпревар во Даблин со Република Ирска. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан