• сабота, 23 ноември 2024

Гаши се сретна со ректорот Сунар, во фокусот развојот на образованието

Гаши се сретна со ректорот Сунар, во фокусот развојот на образованието

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со ректорот на Меѓународниот балкански универзитет Лутфи Сунар.

Како што информира собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Балканскиот универзитет несомнено е еден од најдобрите во земјава, со голем придонес во развојот на образованието. Овој Универзитет, како што се наведува, има споено различни етникуми, успевајќи да ги надмине границите на државава и може да се пофали со одлични кадровски решенија.

Ректорот Сунар беше дециден дека треба да се продолжи со реформскиот процес, да се следат трендовите затоа што студентите се иднината на секоја земја. Во таа насока тој ќе достави кус извештај со забелешки и идеи за пребродување на проблемите со кои се соочуваат во целосното функционирање на системот, вклучувајќи ги студентите, администрацијата, професорите. Според него, креирањето образовни можности е добра политика, а најдобро место за тоа е законодавниот дом и Министерството за образование и наука.

- Соговорниците изразија надеж дека напредокот на Балканскиот универзитет, кој трае низ годините, ќе го задржи континуитетот и во идниот период, а во Собранието ќе има отворена врата за поддршка, помош и соработка, сѐ во функција на добробит за граѓаните, се вели во соопштението. мд/нд/

Фото: Собрание 

Остани поврзан