Гасли: Трансферот во Алпин е чекор напред во мојата кариера
- Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли раскажа зошто решил да оди во Алпин.
Лондон, 9 ноември 2022 (МИА) – Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли раскажа зошто решил да оди во Алпин.
- Се чувствував како навистина да ми треба таков потег. Поминав многу години во Алфа Таури и направив се што можев, обидувајќи се да придонесам за успехот на тимот во последните сезони. Дадов максимум. Но, разбирам и дека сакам да се борам за највисоките места во лидерската група. Мислам дека преселбата во Алпин е чекор напред, а со оглед на тоа што знам за развојните планови на тимот, нашите цели и амбиции се исти. Сигурен сум дека заедно со овој тим можеме да постигнеме многу, изјави Гасли за „Racer“.
Тој додаде и дека Алфа Таури за него е како семејство, каде се чувствува како дома и секој од механичарите и инженерите му станал пријател и затоа заминувањето од италијанскиот тим е многу емотивен момент.
Првично, Алпин планираше да потпише со шампионот во Формула 2 од 2021 година, Оскар Пјастри, но Австралиецот го избра Мекларен.
Во Алфа Таури, Гасли ќе биде заменет со Холанѓанецот Ник де Вриј. По 20 етапи, 26-годишниот Французин е 14-ти во поединечниот поредок со 23 бода. зс/