• понеделник, 23 декември 2024

Гасли се изјасни против укинувањето на ГН на Монако од календарот на Формула 1

Гасли се изјасни против укинувањето на ГН на Монако од календарот на Формула 1
Лондон, 17 април 2022 (МИА) - Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, се изјасни против исчезнувањето на Големата награда на Монако од календарот на Формула 1. - Ако Монако исчезне од календарот, тоа ќе биде шок. Можеби ова е најкултната трка во светот. Дури и оние кои не се во Формула 1 слушнале за Големата награда на Монако на еден или друг начин, без разлика дали се работи за трки, или за некои забави поврзани со етапата или нешто друго поврзано со тркачки настани. Секој возач треба да го доживее сам, бидејќи патеката во Монако е можеби една од најтешките. Ова е мојата омилена патека. Имам посебен однос со трките кои се сметаат за култни. Да, имам домашна „Гран-при на Франција“, но ја сметам и трката во Монако за еден вид дом. Има и Гран При на Белгија во Спа, која е многу блиску до мојот роден град, секогаш ме поддржуваат и таму. Патеките во Спа и Монако се легендарни, две од моите омилени. Ова е историјата на Формула 1, тие секогаш треба да бидат во календарот, изјави Гасли, за „Autosport“. Договорот на Формула 1 за домаќин на Големата награда на Монако е со важност до крајот на 2022 година. Оваа година трката ќе се одржи од 27 до 29 мај. зс/

Остани поврзан