• петок, 22 ноември 2024

Ганц: Израел планира да склучи договори со сојузниците кои се загрижени за Иран

Ганц: Израел планира да склучи договори со сојузниците кои се загрижени за Иран
Керем Шалом, 2 март 2021 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска изјави дека има намера да склучи специјални договори за безбедност со сојузничките арапски земји во Персискиот залив, кои, како и Израел, се загрижени за Иран. Минатата година ОАЕ и Бахреин воспоставија официјални дипломатски односи со Израел, а Израел и ОАЕ со поддршка на САД најавија воена соработка. За време на посетата на Појасот Газа, министерот Ганц беше воздржан по повод извештајот дека Израел размислува за воени одбранбени договори со земјите од Заливот, но потврди дека соработката со тие земји во оваа област ќе продолжи. паг/  

Остани поврзан