• понеделник, 23 декември 2024

Газпром утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку Северен поток 1

Газпром утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку Северен поток 1
Москва, 2 септември 2022 (МИА) - Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1. Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор. Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот. Газпром не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1. ми/

Остани поврзан