• сабота, 23 ноември 2024

Гаврил Бубевски избран за шеф на ОЈО Скопје

Гаврил Бубевски избран за шеф на ОЈО Скопје
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов претседател на Основното јавно обвинителство - Скопје, објави на својата веб страна Советот на јавни обвинители. Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител. Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство на РСМ, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово. дма/сп/

Остани поврзан