• понеделник, 23 декември 2024

ГАВИ: Потпишан договор за купување 200 милиони вакцини „Џонсон и Џонсон“ за Ковакс

ГАВИ: Потпишан договор за купување 200 милиони вакцини „Џонсон и Џонсон“ за Ковакс

Њујорк, 21 јуни 2021 (МИА) - Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ) потпиша договор за купување 200 милиони дози вакцина „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19, како поттик за програмата Ковакс за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји.

Во денешното соопштение, Гави наведе дека договорот е направен со цел до крајот на оваа година да бидат испорачани 200 милиони вакцини за да бидат достапни на сиромашните земји за кои е единствен извор на вакцини, но и на побогатите учесници во Ковакс да се обезбедат дополнителни дози.

„Како вакцина со една доза, Џонсон и Џонсон се особено важни на места со посиромашна здравствена инфраструктура“, наведе извршниот директор на ГАВИ, Сет Беркли.

ГАВИ исто така објави дека во тек се разговори со компанијата за набавка на 300 милиони дози за следната година. На почетокот на оваа недела, програмата за вакцини на ОН, Ковакс, претрпе големо нарушување во снабдувањето кога нејзиниот најголем снабдувач, Институтот за серум во Индија, објави дека нема да извезува вакцини до крајот на годината, поради тешката пандемска состојба во земјата. паг/

Остани поврзан