Габриел му донесе победа на Арсенал во дербито на северен Лондон
- Дербито на северен Лондон му припадна на Арсенал. Тотенхем ниту во петтиот обид не успеа да ги победи „топчиите“ во Премиер лигата. Последен пат тоа им се случи во 2022 година.
Лондон, 15 септември 2024 (МИА) - Дербито на северен Лондон му припадна на Арсенал. Тотенхем ниту во петтиот обид не успеа да ги победи „топчиите“ во Премиер лигата. Последен пат тоа им се случи во 2022 година.
Стрелец на победничкиот и решавачки гол за Арсенал беше Габриел во 64. минута. Сè до споменатиот гол двете страни играа цврсто, а во прилог на тоа дербито заврши со дури осум жолти картони, од кои седум беа прикажани во првото полувреме.
Арсенал не беше комплетен во дербито, на „топчиите“ им недостасуваа неколку играчи: Калафиори, Мерино, Рајс, Одегард, Томијаши, па Артета мораше многу да комбинира. Сепак, тоа не влијаеше на нивната игра. Тотенхем беше лишен само од помошта на Ричарлисон.
По победата во дербито, Арсенал се искачи на второто место и сега има два бода помалку од водечкиот Манчестер Сити. дс
Фото: Х/Арсенал