• вторник, 25 јуни 2024

Габриел Жезус неколку недели надвор од теренот

Габриел Жезус неколку недели надвор од теренот

Лондон, 28 октомври 2023 (МИА) – Напаѓачот на англискиот прволигаш Арсенал, Бразилецот Габриел Жезус, ќе паузира неколку недели поради повреда, потврди лондонскиот клуб.

-Магнетната резонанца покажа повреда на мускулите. Не можам да ви дадам временска рамка, но би можеле да останеме без него неколку недели, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Бразилскиот напаѓач се повреди во триумфот на Арсенал над Севиља (2-1) претходно оваа недела во Лигата на шампиони.

Жезус беше најдобар играч на теренот, асистирајќи при првиот и постигнувајќи го вториот гол, пред да биде повлечен од терен во 81 минута. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан