• вторник, 02 јули 2024

В петок отворање на надворешно живеалиште за пингвини

В петок отворање на надворешно живеалиште за пингвини

Скопје, 14 јули 2021 (МИА) - Надворешното живеалиште за пингвини во Зоолошката градина - Скопје ќе биде отворено в петок, во 19:30 часот.

Отворањето на живеалиштето, како што е најавено, ќе биде од затворен тип, односно само за медиуми.

Зоо Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини.

-Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија.  По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини, информираат од Зоолошката градина. мд/дма/

Остани поврзан