• недела, 22 декември 2024

Вучиќ тврди дека во следните четири години нема да се дозволи ископување литиум во Србија

Вучиќ тврди дека во следните четири години нема да се дозволи ископување литиум во Србија

Белград, 4 јули 2024 (МИА) - Нема да има ископ на литиум уште најмалку четири години и нема да се дозволи никакво ископување додека не се потврди дека нема да има закана за животната средина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека е подготвен за секоја стручна расправа и аргументи за тоа.

Одговарајќи на новинарско прашање тој наведе дека неговиот повик до оние кои се против ископуавање литиум заедно да направат полиграф е повик за да се префрли дискусијата за литиумот од лично поле на професионална дискусија за тема.

-Јас сум претседател на Републиката. Се гордеам со тој факт и никогаш не сум земал пари од никого, а не од странска компанија за да лобирам за тоа, јас само лобирам за Србија, рече Вучиќ.

Тој рече дека нема да дозволи ништо да се прави доколку тоа ја загрози животната средина, но на жителите на Лозница ќе им покаже колку можат да добијат од искористување литиум. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан