• недела, 07 јули 2024

Вучиќ со Перо Антиќ: Горди сме на српските кошаркари

Вучиќ со Перо Антиќ: Горди сме на српските кошаркари

Белград, 11 септември 2023 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Скопје се сретна со македонскиот кошаркар Перо Антиќ и порача дека и двајцата се горди на српските кошаркари кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство и обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ изјави дека Антиќ му подарил патики „Србија1“ и објави видео од нивната средба.

-Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. Инаку и двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз, напиша Вучиќ на својот инстаграм.

Српскиот претседател учествува денес на самитот Брдо-Бриони во Скопје.

об/вј/

Фото: Инстаграм Вучиќ

 

Остани поврзан