• четврток, 17 јули 2025

Вучиќ: Нема да има ништо од протестите закажани за Видовден

Вучиќ: Нема да има ништо од протестите закажани за Видовден

Белград, 20 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „ништо нема да произлезе од студентскиот протест на Видовден“ во Белград, нема да има државен удар и дека, како што изјави, „оние што го организираат немаат шанси“.
Тој, за телевизијата Прва изјави дека државата знае како да се заштити себеси и народот и дека се надева дека нема да мора да го покажува тоа, иако, како што рече, можно е организаторите да „ги испровоцираа инциденти“.

„Овој Видовден ќе биде Видовден на победата, тие немаат шанси... без разлика колкумина ќе дојдат и колку се бесни“, рече Вучиќ.
Студентите во блокада најавија за 28 јуни голем протест во Белград.

Според него, надворешната поддршка и хомогенизацијата се намалуваат, парите се намалуваат, а делот од луѓето во Србија што се приближуваше кон нив сега се оддалечува.
Се водам од интересите на народот и државата, а интересот не е сега да имаме избори, рече Александар Вучиќ и додаде дека изборите ќе се одржат во декември 2026 година.
Вучиќ најави дека за седум дена ќе бидат објавени прелиминарни податоци за тоа колку млади луѓе го напуштиле Универзитетот во Белград, тврдејќи дека станува збор за илјадници, дека ги продолжиле студиите во Словенија, Хрватска, Австрија и Унгарија.
Вучиќ не очекува резултатите од локалните избори во Косјериќ да се променат, бидејќи судот одлучи да се прегласа на едно избирачко место. зш/

Остани поврзан