• петок, 22 ноември 2024

Вучиќ за оставката: Да, ако има потреба на државата да и се купи време, но тоа не е овој момент

Вучиќ за оставката: Да, ако има потреба на државата да и се купи време, но тоа не е овој момент

Белград, 23. јануари 2023 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва, по повод најавата за можноста да поднесе оставка од таа функција, изјави дека неговиот мандат како шеф на државата секако му е последен и дека тој знае која е неговата должност.

- Ако има потреба да се зачува државата на кој било начин и да се купи некое време, не би се двоумел, не сега не е тој момент. Но немам проблем со тоа, иако некои не веруваат и велат дека на Вучиќ моќта му е сè“, рече српскиот претседател и додаде дека е „војник на државата“.

Како што изјави, не верува дека која било личност е „премногу важна за една земја“.

Вучиќ додаде дека повеќе го загрижува ширењето на војната од Русија и Украина на други територии и дека во сè потешка ситуација, барањата што се поставуваат кон Србија само ќе станат посилни и појаки.

Тој повтори дека ЕУ е најголемиот инвеститор во Србија и најголемиот донатор.

- Со Европската Унија ќе добиеме грант од 600 милиони за пругата Белград-Ниш, која за два часа ќе не носи од Белград до Ниш, рече Вучиќ.

Тој додаде дека побарал поддршка и помош и од ЕУ, но нагласи дека „за тоа ќе видиме“. ссм/

Остани поврзан