• недела, 22 декември 2024

Вулканот Шивелуч на Камчатка исфрли облак од пепел во височина од осум километри

Вулканот Шивелуч на Камчатка исфрли облак од пепел во височина од осум километри

Москва, 2 септември 2024 (МИА) - Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, кој еруптираше во текот на ноќта, исфрли облак од пепел во висина од околу осум километри, соопшти денеска локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби.

„Пепелта се шири кон североисток, во правец на заливот Озерни, но на патот на нејзиното ширење нема населени места“, се наведува во извештајот.

Спасувачите предупредуваат дека ако се промени правецот на ветрот, мала количина пепел може да ги засегне селата Уст-Камчатски, Карагински, Пенжински и Олуторски округ.ссм/

фото: архива

Остани поврзан