• недела, 22 декември 2024

Вулканот во Исланд е помалку активен, но магма сè уште тече

Вулканот во Исланд е помалку активен, но магма сè уште тече

Гриндавик, 15 јануари 2024 (МИА) - Вулканот што вчера еруптираше во југозападен Исланд по втор пат за помалку од еден месец денеска е значително помалку активен и покрај индициите дека магма сè уште тече под земја.

Растопената лава вчера околу пладне стигна до периферијата на рибарското село Гриндавик и запали три куќи. Гратчето беше евакуирано претходно и немало никаква опасност за луѓето.

- Пукнатината што вчера се отвори на површината на земјата повеќе не е активна, а протокот на лава од големата пукнатина северно од градот се намалува, изјави денеска шефицата на Нордискиот вулканолошки центарвулканологот Рике Педерсен.

„Активноста значително се намали во текот на ноќта“, рече вулканологот, додавајќи дека „не е сигурно дека она што го гледаме значи дека ерупцијата престанала“.

ГПС мерењата, објасни таа, сè уште покажуваат геолошко движење, што покажува дека магмата сè уште тече во коридорот под градот. ссм/

фото:  ЕПА

Остани поврзан