• четврток, 17 јули 2025

Втор состанок на Трамп со тимот за национална безбедност

Втор состанок на Трамп со тимот за национална безбедност

Вашингтон, 20 јуни 2025 (МИА) – Американските медиуми повикувајќи се на неименувани извор јавија дека претседателот Доналд Трамп имал состанок со својот тим за национална безбедност во Собата за кризи во Белата куќа за Иран. Тоа е втор состанок во изминатите два дена.

Во меѓувреме, неговата администрација почна со подготовки за голема евакуација на Американците, кои сакаат да заминат од  Израел.

Трамп по доаѓањето во Бедминистер, каде се наоѓа неговото приватно голф одморалиште изјави „дека е многу тешко да се бара од Израел да ги запре нападите“.

Тој се осврна и на денешниот состанок во Женева на европските дипломати со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Според Трамп, европските сили не можат да помогнат во завршувањето на војната помеѓу Иран и Израел.

- Иран не сака да разговара со Европа. Тие сакаат да разговараат со нас. Европа нема да може да помогне во ова, посочи Трамп. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан