Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи
- Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди истиот регион на јужниот дел на Филипините како и земјотресот со магнитуда од 7,4 степени утрово, соопштија филипинските сеизмолози.
Манила, 10 октомври 2025 (МИА) - Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди истиот регион на јужниот дел на Филипините како и земјотресот со магнитуда од 7,4 степени утрово, соопштија филипинските сеизмолози.
Шефот на Филипинскиот институт за сеизмологија и вулканологија, Тересито Баколкол, изјави дека земјотресот се случил доцна ноќта во градот Манај во покраината Давао Ориентал и бил предизвикан од сеизмичка активност во истата земјотресна зона, Филипинскиот ров, на длабочина од 10 километри.
Сеизмолозите сè уште не утврдиле дали станува збор за посебен земјотрес или за втор афтершок по претходниот земјотрес во кој загинаа пет лица. мс/
фото: МИА архива